планирање (имн.) - ќе (чест.)

Кога безбедноста е поважна од благосостојбата во новите политики на зонирање и кога се случува нејзино целосно подредување кон сеопфатната логика на контрола, може да очекуваме инструментите на автоматска контрола, како што се беспилотните летала како оние кои се користат во војните во Ирак и Авганистан, да се појават и на небото над глобалните метрополи: „наскоро ограничените и црвените зони ќе се создаваат врз основа на логиката на авионите за контрола: просторното планирање ќе треба да ги инкорпорира формите на воздушна глобална контрола и да ги постави за приоритет пред слободата за развој на простори и општества“.59 Доказите за интензификација на граничната контрола во последните години можат да се најдат во наглото зголемување на буџетот за полициските сили; прифаќањето на нови, поинвазивни закони; развојот на пософистицирани технологии за надзор и информирање; построги визни режими и технолошки понапредни патни документи; зголемена соработка меѓу земјите на извор и на транзит и поголемата распространетост на механизмите за следење и контрола и по местото 58 Antonio Negri.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
58 Просторот на глобалниот град постојано е следен од мрежите за надзор и надлетуван од хеликоптери.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)