осет (имн.) - за (предл.)

Така, мене ми изгледаше природно да се повтори претставувањето на ова енергетско поле; инаку би западнале во истата стара грешка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го презентирате Бојс како голем скулптор, а не само како страшно ком­плек­сен уметник во трансформацијата на уметниковата социјална улога и при­стап.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Големите инсталации, скулптурите и витрините се дела на голем скулптор со вистински осет за материјалите и идеите коишто го надминуваат духовното, антрополошкото, и алхемичното, приближувајќи се до архитектуралното. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 89
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со тоа раскажување доаѓаше до израз сета прикриена дарба и невидена способност на баба, која имаше силно развиено нараторски талент и осет за трансформација.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можам да се сетам дека само немо и бледо гледав во свежо варосаниот ѕид, притоа губејќи секаков осет за простор и време.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Човек со оштетување на еден страничен мозочен резен може да го изгуби целиот осет за спротивната страна на телото, и тоа не само во смисла да не реагира на болните стимули туку и целосно да ја игнорира таа половина од телото, заборавајќи дури и да го облече.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И понатаму: за посредување на осетот за простор потребни се стереоскопски очила, коишто на секое око му носат сликовни информации.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Студот како да го беше смрзнал и неговиот осет за време.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И тоа што, како чистокрвен бел ангорски мачор, слухот не му беше совршен, така што понекогаш, кога ќе го викнеа, во зависност од ветрот, наместо да гледа во оној што вика, ја вртеше главата настрана, конечно неговиот изострен осет за мирис му помагаше за местоположбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На ибн Бајко му беше чудно петпати на ден да се паѓа на коленици, да се клањаш каде и да си, но срчноста на ќајата и неговата дозвола да го гледа, го правеа не само посветен, туку дури и со некаков изострен осет за работите што не ги разбира.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)