одобрение (имн.) - за (предл.)

Седнавме и напишавме писмо до ЦК на КПГ. Баравме одобрение за склучување на партиски брак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето тоа Лазор го гледа од под веѓи и зашто отпорано знае што има нацртано на внатрешната страна на тутурката, планот на Потковицата, си дума и се надева дека можеби не се собраа за да го ругаат него, дека можеби и овој пат ќе разговараат за тоа за кое од смртта на татко му на Максима наваму секоја година ова време разговараат - за барањето одобрение за ѕидање црква, а годинава за барање одобрени за ѕидање и на општина и на училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Важно е, вели Максим, да не дознаат Грчиштата што сме се договориле, дека ако не ни стигне до напролет одобрение за ѕидање црква, сами ние ќе отидеме во Стамбол и ќе го молиме Султанот лично тој да ни издаде одобрение.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа му вели на Васила Митрески Донеси четири помали камења и додека Васил оди да донесе камења, тој на другите, покажувајќи им ја тутурката, им вели Ова е планот на работите што сакаме да ги соѕидаме и вели Божем затоа досега не сме можеле да добиеме одобрение за ѕидање, оти не сме имале план.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)