нога (имн.) - за (предл.)

Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одиме нога за нога, кроце, како да демнеме арамија, па наеднаш ќе се свртиме и ќе речеме „здрув!“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не си ги знаеш нозете за свои.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Јас нога не давам, велам, немам нога за фрлање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)