напор (имн.) - за (предл.)

Во логоцентризмот постои нешто субверзивно, речиси препредено, што може да се појави и во самите напори за негово редуцирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На ист начин, како што во христијанската традиција злото, поаѓајќи од своите обиди да го искуша Исус, делува на прикриен начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Другите карактеристики на релацијата помеѓу логоцентризмот и деконстукцијата се исто така реминисцентни во традиционалните христијански интуиции за доброто и злото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислата нагло му свртува на друго: можеби, ако не ги делеше тие пари, ако ги дадеше за засилување на храната, ќе успееше да го направи оној нужен напор за освојување на последниот поен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но беа обична имитација на неговиот поранешен стил и чудно безживотни и неубедливи преџвакувања на стари теми - за жителите на бедните делови од градот, за изгладнети деца, за улични борби, за капиталисти во цилиндри - изгледа дека дури и на барикадите капиталистите ги задржувале цилиндрите на главите - еден бескраен, безнадежен напор за враќање во минатото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој ја сфати безумноста на тоа чувство и се обиде да го спречи, но сите негови напори за рационализација и свесност го изневерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
4. СЕ ДРЖИ КАКО СЛЕПИОТ ЗА СТАПОТ - така и за бирократот се говори често, но пак му се уважува жилавиот напор за авансирање и за нестоење во место...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Трето: „Комунална хигиена“ да вложи дополнителни напори за целосно елиминирање на сите големи и мали диви депонии во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Колешки и еден колега“ особено нагласи директорката, „многу ви благодарам за вложениот труд и вонредните напори за афирмација на нашето училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Потребни се големи напори за да се воспостави контрола, многу знаења и средства за менување на застарени и нечисти технологии, за филтри и тест - апарати.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)