мозаик (имн.) - за (предл.)

Во овој најнов роман, Старова, кој веќе е познат како мајстор на прозната реч, се решава на една експериментална наративна постапка: со минимум дејства во наративната арматура, да ни состави романескен мозаик за нашиот балкански вавилонски синдром.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постепено, научниците го составија мозаикот за настанокот на писмото, но тој содржи многу празнини и подложен е на различни толкувања.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Вавилон и разделувањето на народите и на јазиците овде кај нас, можноста на Балканот тие (јазиците) повторно да се спојат или, пак, народите и културите да останат во мирен соживот и заемно културално запознавање тоа е епското, широко, макроманско платно на кое Старова почнува да ја слика својата инаку инимна, семејна слика на дете кое се сеќава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)