можност (имн.) - или (сврз.)

Новиот закон му овозможува на работодавачот обврските и работите за безбедност и здравје при работа да ги довери на овластени правни или физички лица ако не е во можност или нема соодветни стручни вработени и техничка опременост таквите работи и обврски самостојно да ги извршува (чл. 6, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во секој случај, тие изразуваат настрани начини на чувствување така што изнаоѓаат сопствени (дисидентски, девијантни) начини на поврзување со главнотековните културни предмети на кои им се изложени и така што се идентификуваат со особените аспекти на тие предмети кои се или нехетеронормативни или сеотворени за нехетеронормативно чувствување.372 Ова може да објасни зошто некои геј- или протогеј-машки субјекти гравитираат, уште рано, кон конкретни жанрови на дискурот и на чувствувањето, сосе нивните сродни културни облици (како што се холивудските мелодрами и бродвејските мјузикли).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали овие нови електронски медиуми ја играат својата иницијациска улога еднакво делотворно како постарите, потрадиционални друштвени мрежи, дали го шират или го стеснуваат достапниот опсег на квир- информации, дали отвораат нови описменителски можности или ги сведуваат геј- културните референции на ограничен збир стереотипи – сето тоа допрва ќе треба да се види.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или ќе треба да измислат перверзни односи кон таквите облици или ќе треба да најдат во таквите облици можности или пригоди или дозволи за одредени нестандардни начини на чувствување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па тие деца што ќе се здобијат со нестандарден или со дисидентски родов или сексуален идентитет нужно си го градат тој идентитет во однос на главнотековните културни облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Книгите, пак, за настраните семејства кои се посебно осмислени за деца од основноучилишна возраст, како што се Хедер има две мами, Џени живее со Ерик и со Мартин или Со Танго сме си тројца, иако можат и тоа како да придонесат кон дестигматизирањето на хомосексуалноста и кон поголема општествена толеранција, сепак баш и не го уриваат хетеронормативниот монопол врз формите на изразување што ги има во главните популарни жанрови. ‌Во секој случај, главнотековните културни облици ги даваат единствените жанрови што ги знаат повеќето деца.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Магнетната лента отвора една врата, под услов да не ја затвориме со тоа што ќе измислиме “phonogene”, или да ја употребиме за да потсетиме на познатите музички можности или да ги прошириме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)