мисија (имн.) - за (предл.)

И тој дури и мисијата за опстанатите османизми во балканските јазици со својот пријател Климент Камилски ја сметаше за скромен прилог во новата балканска свест, која требаше и на тој начин да им се пренесе на новите генерации, на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со своите секојдневни извештаи тие допринеле центрите на СОЕ во Каиро и Лондон со внимание да ги следат воените и политичките настани во Македонија, да ја насочуваат активноста на членовите на мисиите за прибирање на потребните воени и политички информации за да можат правовремено да дејствуваат кај командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел да ги заштитат своите интереси на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но се виде моето и мојата педагошка мисија за спас на детето на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според посакуваната судбина од мајка си, синот да му биде ветен во искачувањето и останувањето во цариградските висини на власта, Татко по завршените студии и поддршката на својот вујко во Цариград, ќе го продолжи животот во некаква балканска одисеја со семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка Ервехе се најде пред нови искушенија, како да го одржува семејството, како да си ги спасува децата, во мисијата за која, како што кажуваше, ја испратил Бог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)