маса (имн.) - кој (имн.)

Почнав да размишљам дека пратењето порт е за проста маса која губи 90 минути од своето време додека 22 нискоинтелигентни муфљузи трчаат по лопта, јавно ркаат и секнат нос, а воедно за тоа заработуваат милиони.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Си го пробија патот низ преполната просторија и ги растоварија подавалниците на масата со метална површина, на која на едниот агол некој истурил баричка од манџа, нечиста течна маса која личеше на повраќаница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)