маса (имн.) - го (зам.)

Зборот „проматари“ не ми се допаѓа, но се правам дека не го слушам зашто масите го имаат тој грд обичај за високото општество и посебно за луѓето што се на власт да се изразуваат погрдно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од соседната маса го поздрави обична сива глава.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од маса го зеде црниот моливи и полека, како нешто да откинуваше од себе засекогаш, врз црвениот круг повлече две линии во знакот “х”.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Суштеството без очи на другата маса го проголта, фанатично, страсно, со жестока желба да му влезе во трагата, да го пријави и да го испари секој што би се осмелил и да спомне дека минатата недела следувањето изнесувало триесет грама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, мегаломански споменик се издигна во сенките, на тревникот... ко вулканска маса го исполни просторот, Софија!...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Потоа Едо – авторот верува дека Едо и саскаше да се пофали, но и затоа што авторот нему му ја влеа нужната доверба – на масата го распростре планот за куќата со дваесет и пет соби и дванаесет бањи што планираше да почне да ја гради наскоро на една рудина каде што се подигаше нова резиднцијална населба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На масата го примија срдечно и весело со оглед на шишињата бело вино и минерална вода и полупразните или полуполни чаши со шприцер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Држеше локален весник од Лејк Чарлс, и кога го отвори на маса го видоа насловот напишан со големи мрсни букви, 250 ИСЧЕЗНАТИ ВО УРАГАН.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)