маса (имн.) - бев (гл.)

Широката маса беше покриена со зелана простирка, наменета за свечени прилики, а среде имаше вазна со цвеќе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Масата беше препуна со кифлици и литра со литра од Смрдевка. Нешо се слави, а појма неам шо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На масата беше вечерата покриена со бела чиста крпа, тој ја креваше крпата, безволно јадеше, често и не седнувајќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Напротив, беше обземен од немоќ и дефетизам, верувајќи дека никогаш нема да стигне до посакуваната цел, да се пресмета со сите, како што велеше во овие мигови, натрапнички турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не мина многу време, а Камилски пред себе на работната маса беше целиот опкружен со листови испишани зборови, извлечени од бројните речници, немајќи го чувството дека е победник во бојот со хартијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На дрвената маса беше лап – топот и уредно сложени прирачници со тенки зелени корици наменети за подмладокот на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Атмосферата на масата беше многу жива и весела.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На таа маса беа направени и портретите на Маркс, Енгелс, Тјутчев, браќата Миладиновци.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На масата немаше ништо, никаков остаток од појадок или филџан од испиен чај, масата беше без ронка или дамка по излитената мушама, дури и без грлестата вазничка со некое од нејзиното ситно цвеќе во дворот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)