кола (имн.) - за (предл.)

БАБА АНЧА: И кога видов дека не сака за Трајчета, ја завртев колата за Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Што има да се изнапише цела книга за да дојде, полека-полека и макотрпно, до простиот и фрапантно очигледен заклучок што требало да се види уште на почетокот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако машките геј- возачи пројавиле склоност кон фолксваген голф и кон форд проуб, како што се тврди, тоа е така затоа што – како што тоа еднаш го срочи еден мој особено надарен стрејт- студент, упатувајќи на една од оние популарни формулации во кои сексуалните и родовите норми на нашата култура си добиле најјадровит и најрезок, иако одбивен, израз – тоа е така затоа што, вели, тие автомобили се „коли за пички“.330* ‌Па, тогаш, што има да се прави таква мистерија од логиката на машката геј- култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Естетиката и стилот традиционално се женска работа, исто како што политиката, стопанството и спортовите по правило се машки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милдред Пирс е „женски филм“, а најмногубројните и најпредадените обожаватели на Џоан Крафорд се жени од работничката класа. („Отсекогаш била поголем хит за жените отколку за мажите“, забележува Дејвид Денби).329
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, откако се откажавме од вековниот идеал Америка и Енглеска, биче земља пролетерска, сторивме мукает, југословенските пролетери да произведуваат кола за американскиот пазар.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)