камен (имн.) - во (предл.)

И мислев, или навистина слушав бувтеж на камен во вода, и некоја врева која се зголемуваше и папсуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во мене сѐ се повторува безброј пати, и сѐ ми е познато, а сепак одново го одвиткувам она што сум го завиткал или самото се завиткало, стегнатото во кубиците камења во еден цилиндар кој само еднаш болсна на дното и пак згасна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Цели три дена од последната недела, по посетата на онаа таткова нива во Далјани, ги превртував сите камења во атарот на Маказар, како мечка што превртува белутраци барајќи мравки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Надежда ги ладеше камењата во дворот и ја прскаше земјата, од која, кога ѕирнав низ прозорецот, видов како се крева пареа, ја прскаше земјата, за да може потоа да смете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Баравме камчиња во разни бои, со различни форми и големина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но ѓавола, побргу би ти спикал некој камен в уста отколку да ти даде нешто!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се наредивме крај потокот, расфрлавме камења во него, испоскокавме преку него и пак се собравме крај неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но тогаш никој од нас не отвораше уста: на Лангачот му штракаа камења во џебовите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Години со ред како го моли тој Аргира да го пушти на скелето да ѕида со мајсторите, но овој како да имаше камен во градите, а не срце: остана глув и нем за неговата молба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кој каде да одеше, сите се стечуваа на плажата, каде што меѓу камењата во водата и корењата на дрвјата ќе се најдеше по некое вирче ситна песок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А тие - кој со камера на рамо, кој со статив на плеќи, кој со акумулатор на колк - скокаат по крупните камења во брзакот на притоката, небаре по грбови на биволи, не како настрвени жабоци туку како трудни жаби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само уште да се приучи, сè со помош на образовно - воспитниот систем, од кршење камења во месење земја, со истите скршени палци и истите испрани мозоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Мислиш затоа не сум се плашел да брцам под камењата во вода, па да фатам змија место риба?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој е осуден да го повторува овој компулзивен премин поради тоа што открил дека му е тешко да остане топол, и одвнатре и однадвор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога зборуваме за уметничко дело, зборуваме за нешто многу опипливо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога вајарот го претвора каменот во тело, или кога сликарот го изразува телото како сплесната слика, тие секогаш се држат до сопственото физичко доживување, до своето интимно поимање дека се тело, од каде што неминовно следи чувството дека се личност, како што Фројд го формулирал тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доктор Коста ги собра разнобојните камчиња во едно пластично ќесе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Змијо, во бегство на патот до каменот во везило од снег и црна крв.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога предавам за ваквиот начин на работа, следејќи го Брунер (1986), често пати им сугерирам на терапевтите да визуализираат аркада.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секој од тие камења е сместен на единствен начин; секој камен ја зазема својата позиција во однос на камењата од сите негови страни, а тој со својата позиција го овозможува посебното уредување на камењата во неговата околина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа поседува извонредни особини на издржување на тежина со специфичното уредување на камењата во облик на клин.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Соединувајќи се со стварноста, затоа што си дел од неа, ја прифаќаш како убава, почнуваш да ја гледаш како убава, вклопувајќи се како среќно камче во големиот светски мозаик на стварниот свет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Преку неговото змијолико добро тело од илјадници скапоцени камчиња во чиј отсјај се прпелкаат гулаби, тело преслечено од трошноста на смеата и бесот, но сѐ уште цврсто за да го дочека моето минување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вртеа луѓето како улави околу езерото, се загледуваа во водата, влегуваа во езерото кога ќе им засенеше нешто, претаа со стапови низ шеварот и трските, фрлаа камења во плитките места, но сѐ беше попусто.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не знам зошто одев во куќата под калето кога постојано ме ежавеше страв брегот еден ден да не појде надолу и да се разурнат шарките на времињата кои поминуваа по неговата жолта страна ви кажувам не знам зошто одев кога и самата куќа имаше нешто застрашувачко во густата темница што се таеше меѓу диреците оти мојот братучед можев да го најдам и кај нас зад насипот каде што неговата маќеа пасеше бела коза по бавчите и молзеше по ока полока млеко за неговата ќеркичка оти жена му марија своето убаво женско време го поминуваше во лешочкиот санаториум а пак кај нанчо можам да ви речам дека ништо не ме влечеше оти во мене тлееше голема навреда од што ме напади првата зима што ја зимував во скопје а сега својата дрвена берберница од паркот спроти градската болница ја има преселено во ќошот лево веднаш крај самиот влез и ја има сросано на два ката долу за бричење а горе за спиење со жеништата што ги турка со глава по раскрцканото скалило направено од две штици ви кажувам не доаѓав ни за него ни за братучедот кој често клечеше или лежеше во аголот врз сламарникот меѓутоа јас често се уловував како драбам по насипот крај реката очекувајќи да ги здогледам детето со разбегана коса по главата момчето со долгиот врат како фрла камчиња во реката и старецот сиот завиен во козина таму каде што се гледа душата
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Калето под западната страна е засечен со голем нож земјата е жолта и врз неа ништо не расте ама под тој засек во пеесетипрвата бегалците кои нагрвалија од Војводина најдоа една голема куќа што ги заплашуваше со својата грмадност ама имаше ѕидови од тули една или две бетонски плочи што не одеа од крај накрај и тие што успеаја да се напикаат во неа беа спастрени од ветровите што дуваа од кај француските гробишта оти удираа во калето поминуваа врз куќата долу во засекот поминуваа преку реката и им ги мрсеа косите на луѓето во уличките околу плоштадот оти тие во своите влакнести гради донесоа други ветрови и јас кога прв пат дојдов да го барам братучедот кој садеше дрвца по падините на водно со страв влегов во отскриените делови на куќата низ отворот од источната страна се обидов да влезам и ги видов диреците бетонските диреци се губеа во темницата и којзнае дали таму потпираа нешто и освен што слушнав многу гласови не успеав никого да видам само претчувстував како срцето сака да ми избега па избегав јас назад по патчето што го следеше насипот од песок од врби од магарешки трн крпи гуми стари опинци и вјасајќи така во песокот завидов тројца за кои не знам дали беа запретани во неа или таа поминуваше преку нив преку старецот со долга коса и брада виткана во тркалца реку буштравата туфка за која во истиот миг сфатив дека е дете кое му лежеше преку нозете и преку младичот за кој не знам дали му седеше на раката на старецот дали само главата му беше ставена врз неа како врз перница или пак навистина само горниот дел му се подаваше од песокот и незаинтересирано фрлаше камчиња во водата и којзнае зошто јас потрчав по насипот не обѕрнувајќи се и кај театарот ја скокнав реката по дрвеното мовче нурнав во уличињата околу офицерскиот и после не знам што стана се задржав негде низ град или се вратив во предградието на насипот okno.mk 59
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За несреќата да биде уште поголема, заради констатираниот камен во жолчката, веднаш беше префрлена на хирургија. Итно беше оперирана и од оваа напаст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не помогна ниту црвениот конец во плетенка со кој го заобиколуваше говедарскиот камен во Свети Николе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лазор го зема ножот и почнува да го точи, да го намавнува на еден камен во гумното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шепотеше со рапави воздишки дека саканите синови и милите снаи го испратиле по воденички камења во туѓа каза да се избават од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Но знаете ли дека оној што ќе умре од змија и самиот станува змија под земја?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Времето стоеше, во неговото мртвило се движеше мојот дух. Дедото Симон се обидуваше да ме врати во минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа го знаеле старците, оние што верувале во прикаските донесени од Брсјаците и Мијаците со доселувањето нивно на престариот камен во оваа земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дали ме смета тој за странка само, за отуѓеност и бројка, за стебло во шумите под број, камче во реките под број, кратер на месецот под број?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вака прогнат на тврд камен во една пештера меѓу лисици и дождалци немам сили да се извинувам и да извикувам пароли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ве чекав и ве дочекав Како прашина од истрошен камен Студен камен во очите на змијата Тежок камен во очите на орелот Сив камен во мојата душа.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Кога таа би била на место на Обама, уште сабајлето на петти ноември Џорџ Даблју Буш би завршил на гилотина, Џон Меккејн би го испратила да дроби камен во Гвантанамо, Кондолиза Рајс јавно би ја шишале пред Капитол Хил, на Дик Чејни би му пуштила луѓе да го дават со свилен гајтан, а на Сара Пејлин сосе мажот и петте деца би им пресудила ко Ленин што им пресудил на Романови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
2. Илузија: стварност Подоцна, поради прекумерното џвакање мед - восочни камчиња во устата, нагон за давење и плукање.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да ставам едно камче во кутивчево, ако не ми се лутиш?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Раскљаканото камче во ушите на Шишман одѕвонуваше како придружба на музиката што ја комонираше дождот врз лисјето по шумата околу нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Покрај Мики-рибарот, на плажата се активни уште две деца, Гаге и Танче, кои се капат и скокаат од Неподмитливиот камен, мазна карпа испапчена над водата, десетина метри од брегот, од каде што полузаинтересирано ги набљудува машко русокосо дете, Климче, фрлајќи камчиња во езерото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вкусен си им. Чивавата, исчекувајќи, глетка нагоре кон лицето на господарот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Секогаш држеше камче во џебот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се чинеше дека брзо го заборавивме Ѓорѓи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во овој домен на спектаклот, да се прави филм веќе не е игра која се прави во пар (режисерот+неговиот филм), туку тројна игра (режисерот+неговиот филм+публиката), и суспензот, како белите камчиња во „Палче” или прошетката во „Црвенкапа”, станува поетско средство бидејќи неговата цел е што повеќе да нè возбуди, да направи нашето срце да почне посилно да чука.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Излегувам пред пештерата со камења в рака и викам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Си тркалаат камења во облаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сфати дека си само камче во еден огромен мозаик!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Така ти треба, - свика Величе и веќе имаше камен во раката, само не знаеше на која страна да го џитне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние кулучарите носевме камења во вреќа, ни се скина вреќата и така камењата ги носевме во еден ракав од кошулата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Прстења имаше четири, со камења во разни бои и се мрдаа на коскестите прсти како алки на стап.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)