камен (имн.) - му (зам.)

Ги стегаше тупаниците, се штипеше по образите, се бореше да си го врати здравото расположение, повторно да ја насели во својата глава здравата, ведра мисла, но колку подолго лежеше, сè потешки камења му се трупаа на душата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Појасот со повеќебојни риги му се одмотал од половината и се влечел по него, го чинел бавен, грмушките и камењата му ја кинеле линијата на движењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако монтирани, рампите сѐ уште не беа подмачкани со масло и покривката од ситно дробен камен му крцкаше под стапалата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ уште се надевал извлекувајќи го јатаганот од појас: можел да стаса до својот коњ побрзо отколку гонителите до него. Многуте гласови како да го сопнувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На каменот му е студено само од змијата. Ние гракаме и загазуваме во реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)