инспекторат (имн.) - за (предл.)

8. Контрола и надзор во областа на работните односи Како што може да се види од анализата на посебниот Закон за инспекција на трудот (1997), 39 која е дадена понатаму во оваа студија, овластувањата на Инспекторатот за труд и правата на работниците предвидени со тој закон не претрпеа намалувања, од почетокот на транзицијата до денес. 39.  Закон за инспекција на трудот; Сл. весник на РМ, 35/97. 57
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претходно, со ЗИТ (1985), беше предвидена помалку експлицитна одредба – која, потоа, беше преземена во стариот ЗРО/93, според која работникот, за заштита на своите права, можеше да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  За оваа ретко истражувана, а суштинска, проблематика на при(х)ватизацијата, која овозможи она што беше „сечие и ничие“ (општествениот капитал) да стане приватна сопственост само на неколкумина моќници, и за тоа како тоа се одрази во очите на работничката класа – види ја и студијата на д-р Илија Ацески: Општеството и човекот во транзицијата (Македонскиот случај); Екопрес, Скопје, 1995.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Александар Ковачевски, на 2.III.2011, во Битола. Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд – Битола е: П.бр. 1885/05; а пред Апелациониот суд Битола: Гж.бр. 4358/06.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претходно, во 1985 година, беше предви- дена помалку експлицитна одредба (која е преземена во Законот за работни односи од 1993 година) според која работникот, за заштита на своите права, може да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тука особено е важна одредбата на ЗИТ (1997), според која инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа (чл. 16, ЗИТ/97).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со Инспекторатот раководи директор на Државниот инспекторат за труд (чл. 3, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)