илјада (имн.) - турски (прид.)

По војната во Битола се доселија цели деведесет илјади главно селани, приближно колку што имаше во турско кога таму живееле неколку илјади турски офицери со своите семејства, до или во времто кога Милтон Манаки во Париз купи камера, се врати во Битола и стана првиот граѓанин на Македонија кој ја крена раката пред Неговото Величество султанот на Отоманската империја Рашид и му нареди: „Застанете Височество„“ Неговото височество му се потчини на битолскиот фотограф и така во историјата на уште долго непостоечката македонска кинематографија и на Балканот беше втемелен првиот документарен филм.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Климент Камилски располагаше со студијата на Петар Скок, Restes de la langue turque dans les Balkans, објавена, во белградската Меѓународна ревија за балкански студии во 1934-1935 година, подоцна успеа да го најде штотуку излезениот речник во 1957 година во Сараево на Абдулах Шкаљиќ, Turcizmi u narodnom govoru i narodnoj knjizevnosti Bosne i Hercegovine, во кој биле обработени осум илјади турски заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)