илјада (имн.) - страница (имн.)

Решив уште еднаш да ги прелистам патописите што веќе ги имав. Беа тоа близу три илјади страници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев катадневно готов да пишувам десетици страници депеши, опсервации, извештаи кои, на крајот од годината, надминуваа и илјада страници, а на Мајка постојано да ѝ ги одложувам одговорите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само неговата балканска оставина содржи седум илјади страници во седум томови, на којашто ѝ посветил дваесет години од својот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во право си, пријателе Камилски, Книгата на патувањата на Челебија ни го враќа од митската меморија на Скопје изгубениот XVII век, ни ја опишува истава чаршија низ која чекориме, маалата кои опстанале во остатоци, тврдината Кале, Безистенот, Камениот мост, џамиите, амамите, приспособени на денешни потреби...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да направите роман какви што се моите, морате да напишете осумдесет илјади страници за да добиете осумстотини.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)