илјада (имн.) - лира (имн.)

И илјада лири да побараше, ние ќе ти ветевме само да ти ја потсилиме волјата, да те окуражиме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Овој пак, Симиќ, ползувајќи се со довербата и закрилата негова, со сила и измами од имотските приходи и од луѓето успеал да изнуди пет илјади лири, божем за ѕидање на црквата, кои пари, пак, од изговор, им ги давал после на беговите со мамеле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многумина ги отворија устите и така подзинати чекаа да го слушнат арамијата Толета, кој ќе ги уцени сега со илјада лири, за да излезе од село, да не го најдат тука Турците и да го изгорат селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но Толе сега имаше друга цел и тој почна да си го кажува алот зошто оди по планините.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фативме адвокат и тој направи тужба до судот; во неа смртта на Ѓеро ја процени на четириесет и осум илјади лири.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Покрај парите што ги даваше грчката пропаганда преку битолскиот владика, Кондилис донесе лично илјада лири направо од Атина и им ги подели на оние „Грци" што се двоумеа, а испрати во Атина и пет шест деца на повидни селани да учат „вистинска наука".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)