илјада (имн.) - денар (имн.)

3 Во оваа компанија од фармацевтската дејност, во којашто има- ше околу 35 вработени, според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на фармацевтски техничар, работејќи сменска работа со дежурства на шалтер – непосредно во контакт со пациентите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Едно е што ми побара илјада денари што му потребале за да си обезбеди уште една доза од белиот прав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таков беше договорот, кога ќе го земеме кредитот, мене ќе ми даде дваесет илјади денари, кои ќе му ги враќав секој месец, соодветно на сумата што ми ја дал.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Требаше да извадам илјада денари од банката која се наоѓаше на двесте метри после Епинал.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој имаше сопствени долгови околу триесет илјади денари кај лихварот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Десет илјади денари кои ги потрошив за да се преселам во Западот и да ја платам првата месечна кирија за станот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Заканувачки ми се потсмеваше за случката со тие илјада денари на својот слаткоречив западен дијалект.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кавгата беше за кредитот кој го зема. Дваесет илјади денари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го молев да ми даде уште десет илјади денари за да го вратам минусот од платата што ми лежеше на картичката.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговите му даваа илјада денари неделно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И сето тоа за дванаесет илјади денари месечно еееј! –нервозно зборуваше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Работи кои не смрдат, но и не мирисаат добро банкнота од илјада денари, кога ќе излезе од банкоматот; лубрикант на чија етикета пишува "гарантирано без вкус и мирис"; велосипед цела зима чуван во подрум; небањато дете, ама твое; купачи носени во базен, после три дена; рацете откако си лупел компир; она за полирање пластика во кола; стог сено среде поле; парфем кој си го добил на подарок од некој што не те знае добро; дупче од цигара на волнен џемпер; топол здив од крава; лифт во државна институција; ретко отварана книга, само за референца; автомобил оставен на +40, под сенка; каталози за козметика со опција "изгреби и помирисај" со помешана арома на печатарска боја и млеко за тело; нечии најдобри намери и наивни лаги.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)