илјада (имн.) - аспра (имн.)

Вашето село борчи на царот сто илјади аспри, за сто години што не сте платиле, како и сами што признавате.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога овие ја слушнаа сумата од сто илјади аспри, сите ги удрија главите ничкум.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Помислите и кажите – заврши кадијата и им го заврте грбот на врзаните, во знак дека ги чека да му кажат ќе платат ли сто илјади аспри или да заповеда да го запалат сејмените селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кај сила – нема правина! – Да се лажеме срамота е бегу – проговорија во еден глас попот и кефалијата – сто илјади аспри не само нашето село, ами цело Мариово сермија нема, не готови пари. Ами дајте мувлет?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Коњите некако ги наместија – кадијата му даде на Сефедина неколку илјади аспри за патен трошок – храна за луѓето и коњите, но мораше сите пари да ги потроши за да купи коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие села ги подвија вратовите и без никаква борба му се покорија на кадијата; ја признаа царската власт и се согласија да плаќаат вкупно – сите – сто илјади аспри годишно и да живеат, како што живееја дотогаш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Везирот го испрати и овега и го пријави следниот: – Кир Герасимос, кир Дионисиос и деспот Јоакимос од Фанара, молат патријаршиски функции за деспот Јоакимоса. – Се знае – сто и шеесет илјади аспри – лаконски одговори султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што нема – нема. Сто илјади аспри од село од триесет куќи, ни имало ни ќе има.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)