изјава (имн.) - за (предл.)

Според неговите опсервации можните политички проблеми кои можеле да се појават поради „зголемувањето на партизанските сили во областа“ би можеле да се спречат со недавањето никакви изјави за настанатата ситуација, на никој начин да не се инволвираат членовите на британските воени мисии „во проблемот за независна Македонија, како и за сите други политички проблеми“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По изјавата за пребивање се смета дека пребивањето настанало оној момент кога се стекнале условите за тоа (чл. 326, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањето содржи: – податоци за подносителот на барањето и правниот застапник, – податоци за предметот и постапката за која странката смета дека ја сторила повредата на правото за судење во разумен рок, – образложение на причините за наводно сторената повреда на правото за судење во разумен рок; – изјава за побарување на правичен надомест и –  потпис на подносителот на барањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањето странката може да го поднесе во текот на постапувањата пред домашните судови, а најдоцна шест 43 месеца сметано од денот на правосилноста на одлуката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Велес е: П.бр. 62/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Проблемот на евалуација во преведувањето, тесно поврзан со веќе споменатите проблеми на нискиот статус на преведувањето, им овозможува на критичарите да дадат своја изјава за преведените текстови од позиција на лажна супериорност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И покрај тоа што сè уште не ги добил своите средства, нашиот соговорник е сигурен во тоа дека нивните побарувања ќе бидат подмирени – а, како што вели, „каматата си тече“, па кој и да ја преземе компанијата ќе мора да ги плати нивните побарувања.6 Тој е свесен и дека допрва им останува доста борба, но дека ќе истраат и ќе ги остварат своите работнички права. 1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 11.III.2011, во Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Содружниците можат да ја донесат одлуката за зголемување на основната главнина само по усвојување на годишната сметка, според којашто друштвото нема тековни и непокриени загуби од претходните години, и по усвојувањето на извештајот на овластен ревизор со којшто се потврдуваат фактите во годишната сметка (чл. 258, ст.2sq од ЗТД). 4.  Основач на трговско друштво е секое [физичко или правно / домашно или странско] лице – кое, заради основање трговско друштво, потпишало договор за друштвото, статут, односно изјава за основање ДООЕЛ (чл. 3, ст.1, ал.37 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)