желба (имн.) - за (предл.)

Времето врвеше. Желбата за дете сѐ повеќе растеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во тој след од постапки на градоначалникот, Беренц препозна блага нервоза и желба за одлагање на средбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го следи градењето на вториот Храм по ослободувањето од вавилонското ропство и првиот обред на либидација, на полевањето со вода на жртвеникот, изразот на желбата за добра дождовна сезона и богат род на полињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беренц ја подаде главата во знак на прашање што никако не го изговори. „Ме побаравте господине Беренц...” - спокојно рече Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие прилики беа и останаа посилни од желбата за осознавање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зашто желбите за насоката на патувањето беа различни: од Јадранското Море - дури до Австралија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Патриотски-научната реторика на нашите идеалистички предци не можела да ја разбере „инфантилноста“, поместената желба за играње на тие „од вкус лишени и разуздани“ генерации маниристи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Воодушевен од патетичната глетка, ја слушам неговата песна. кога ќе забележиш дека те нема и продолжиш да чекориш како ништо да не било како сенка залепена на чевлите што одат во место во ритмот на навиките и погледнеш во огледало стакло или поток и кога ќе забележиш дека и таму те нема измени го светот и изненади кај не очекува затоа што те нема Натоварен со желба за муабет и римување, влегувам во станот на мојот буквално стар пријател. 58 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Музиката и желбата за забава ги бришеа овде бргу разликите меѓу луѓето дојдени од сите страни на светот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Би пиел и алкохол, но направив грешка и отидов на лекар кој го забранува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Животот се менува. Еден од начините на кој се обидувам да го променам својот живот е да се ослободам од своите желби за да не бидам глув и слеп кон светот околу себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во блиска иднина луѓето нема да страдаат од шизофренија; ќе бидат шизофрени (ако и тогаш) кога ќе имаат желба за тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи да повторам, без некое чувство на вина: јас во повеќе куси мигови имам дружено со привидите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност ме водеше помислата дека треба да го развиваме во нас она чувство кое ќе ни овозможи да ја уриваме оградата од грдите правила и рецепти, но притоа да не дозволиме да нѐ раководи желбата за напуштањето на оградениот простор туку со нашето однесување да овозможиме тој простор да се проширува и облагородува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вискито му мина низ целото тело како пламен и му ја разгоре желбата за одмазда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Просторот е недоволен да се потцртаат основните проблеми, и да се назначат главните струи, сепак, ако ништо повеќе, низ текстовите провејуваат некои од основните контроверзи на феминистичката филозофија: дали е воопшто можна и како?, може ли да се даде нов своевиден потстрек за решавање на философските “проблеми”?; во која мера е блиска со, и зависна од постмодернизмот, идеологијата, желбата за превласт.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Неподвижно од немоќта на Еразмо да оди по невидливиот пат на духовното, лежеше на едно место, приковано од Еразмовиот сомнеж во себе, без нималку верба; одвај дишеше, живуркаше полно со желба за живот во очите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо се кршеше некаде помеѓу желбата за земска храна, за удобност, за сладостраст и среброљубие – содржина на разјарениот бик кој требаше да се гони, да се вглави и здодевните разговори со сопственото живо битие што одвај преживува, полно со животен сјај во очите, со мрачнина и студенило во душата, со поглед насочен кон височините во потрага по вистинската желба за битисување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Рикаа ли тоа сите можни страсти во неговиот ум, почнувајќи од прејаденоста што понатаму ја произведуваше желбата за блуд, мрзливоста, самофалбата, лакомоста, самољубието!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Многукратно напластената желба за враќање во родните огништа се претвори во долго битисување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога подигнат во Ламија споменик на некој херој за грчката независност, Грците се чуваат како од оган во своите говори да го спомнат некогашниот ентузијазам и желбата за одмазда; кога ги слуша човек, би помислил дека Дијакос, Колокотронис ... (херои од времето на Грчкото востание во 1821 тодина против османското ропство - б.м.) беа најверните пријатели на Портата, најсрдечни слуги на џелатот... не разбираат ли тие дека од ден на ден станува сѐ потешко да се застапува нивната кауза пред цивилизираниот свет“...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега знаеше дека во нивните коментари и желби за него има многу љубов, оти родителот секогаш го сака она што е најважно за своето дете – удобноста на конформизмот и медиокритетот (до овој заклучок, се разбира, дојде многу подоцна, кога навистина се истрижа и почна да носи не само пошироки пантолони туку и боксерки).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Сиот Израел, нашите родени браќа нѐ поразиле кај Гибеја, за потем да поништат сѐ – жени, деца, старци, по сите наши градови и села, се водени од желбата за освета, за крв“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дали оние наши постапки со кои се обидуваме да се оттргнеме од она што ни се чини наше писание, кога сакаме да ѝ се спротивставиме на судбината, се инает кон Бога, желба за преземање на контролата врз сопствениот живот?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И, желби за многу испокарани брачни и небрачни двојки, кои вистински, ама највистински си простуваат по скопските бутици.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во исто време додека разговараа, Виктор во новиот пациент го откри жарот, невидливата но, огромната желба за живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тонеше по плавната синевина, за сето време додека немаше никаква мисла, без и најмалечка желба за движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Желба за доминација, своеглавост и одење против туѓите желби, кои се однесуваат за нејзино добро.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овде загубив желба за сѐ. Многу е загушливо. Многу повеќе од таму кај што бев.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Незадоволството расте, а со него и желбата за повторна промена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од пуста желба за совршенство, имајќи ја предвид мојата перфекционистичка нарав, се излажав дека тоа можам да го постигнам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Проклети затвори; ве истоштил, ви ја убил веселоста, желбата за разговор...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ужасна екстаза од страв и од одмаздољубивост, од желба за убивање, за тортура, за смачкување на лица со ковачки чекан, изгледаше како да тече низ целата група како електрична струја, претворајќи го човекот и против неговата волја во размавтан и разврескан лудак.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Броеви, исолзени напори, сенки во сенки - темнина, нашата желба за воскрес на светлината.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но со тоа само се зацврстуваше желбата за нивните врски.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така Митре протурка две години во неиздржлива желба за својата куќа, што ја гледа, а не може да влезе во неа, ниту пак може да разбере барем нешто за своите најмили.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Изгуби концентрација и желба за учење, сѐ што ќе прочиташе не запеметуваше; чувствуваше главоболки; ја нервираа викањата и гласовите на децата во паркот, ја нервираше секој шум.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нека овој наш краток разговор биде повод за подолго размислување и настојување да всадиме кај сите луѓе во светот желба за среќа, еднаквост, радост и мир. Мир за сите!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Жал ми е за неговата младост, но уште повеќе ми е жал ако ти си го потрошиш животот на духовни истражувања без желба за сопствен пород и искуството на мајчинството, што е една од најголемите радости на жената.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зошто е тогаш толку силна желбата за живеење и за добивање знаења, умеења и материјални добивки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Затоа продолжив да соработувам со дечките зошто ме привлекуваше нивната незрелост и желба за докажување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Желба за слава која уништува и не ти дозволува да ја согледаш реалноста. Барање среќа во погрешни правци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да не речам ми се појавуваше поголема желба за живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сѐ ќе беше прекрасно ако не беа неговата нескротлива желба за слава и пари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)