група (имн.) - за (предл.)

Конечно луѓе излегуваа на улица масовно или барем во поголема бројка од студентската група за социјална правда „Ленка“, чие движење го познавав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Покрај споменатата група за божјаците, среќаваме раскази од фолклорен карактер, раскази со поткренат тон во духот на „магискиот реализам“, класични раскази базирани врз некоја случка или лик, кои по правило имаат изведено значење, алегории и параболи од разни видови (кошмарни, поетски) и со различни содржини, анегдоти и др.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓутоа, тој сепак направил мал превид: во 1889 год. сепак избегале само мал број македонски студенти ученици од Белград во Софија, додека големата група за којашто зборува тој овде, ја напуштила Србија на почетокот на февруари 1890 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ајде, ајде на шербет ако остана – ги покани тој и сите ги наполнија канчињата и се собраа по две-три во групи да пијат шербет и да грицкаат од гурабиите, симидите и ѓевреците, шепотејќи секоја група за себе, за настанот со Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа ќе значеше жртвување на академската слобода во корист на јавното мислење и давање моќ на политичарите и на групите за притисок да решаваат што ќе предавам и како ќе го опишувам тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)