глас (имн.) - за (предл.)

- Што значи тоа? - На крајот од седумдесетите години, читателите на ревијата за музика „Џубокс“ можеа да го дадат својот глас за гитаристот за кој сметаа дека е најдобар во СФРЈ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гласот за ова се разнел надалеку, дошол и до уши на султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа се трудеше да им ги запамети гласовите за да ги разликува по нив и затоа безволно се бореше: „Зошто мене ме прашувате? јас сум лекар, хирург. Мобилизиран сум.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во втората му беше полесно и понатаму сѐ полесно и полесно, зашто гласот за тоа што нарачува тој се расчу низ цело село додека тој уште немаше минато ни десетина куќи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гласот за поповото одење кај Жиовчеви се пронесе брзо по селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колкупати само, ноќе, о боже, колкупати и мене ми се јавуваше некој глас за тоа пусто јадење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури кога со кожата од волчицата исполнета со слама тргнал од село до село да собира дарови, луѓето виделе со какво ѕвериште успеал да се пресмета Димитар Волчарот, па гласот за него се проширил и по селата зад планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој на првиот глас за доаѓањето на гостинот, се стресе, пожолте, занеме, стрча и исчезна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)