восхит (имн.) - зборува (гл.)

— Ајдо биро, брее! И од рисјаните излегоа паши! — со восхит зборуваше дедот Паленѕа како најзаслужен во делото и најдобар Толев пријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рада ја слушаше Снеже како со восхит зборува за склоностите на Виктор кои во целост се поклопуваа со оние на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше еден од незаборавните министри во Сојузното министерство за надворешни работи, каде со почит и восхит зборуваа за него од вратарите до високите функционери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)