број (имн.) - случај (имн.)

Од двата европски модели за нацијата, Третиот свет во најголем број случаи го усвои оној полошиот и тоа со активен благослов на учените луѓе од Запад. (...) Имено, токму во моментот кога на другиот човек му се враќа неговата култура, му се одзема слободата: неговото сопствено име исчезнува во име на неговата заедница; отсега тој е само примерок, безличен претставник на еден посебен вид суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во најголемиот број случаи немаше судење, немаше извештаи за апсењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон немаше никаква врска со организирањето на лотаријата, со која управуваше Министерството за изобилство, но беше свесен ( како впрочем и секој друг во Партијата ) дека премиите во најголем број случаи беа непостоечки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можам да кажам дека во голем број случаи им успева.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во најголем број случаи од него се очекуваше самиот да ја измисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето ова во најголем број случаи, поетот не мора да го знае но, тој го чувствува, тој тоа по една законитост, по силата на својот творечки инстинкт и имагинација го прави, го созадава.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)