болест (имн.) - за (предл.)

А покрај тоа, јагулата е лековита; лечи: слабокрвност, жолтица, мајасил, падавица, катар во цревата, и други болести за кои човекот не знае дека ги има...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понекогаш доаѓа и до преплетување на цревата Ама тоа веќе одамна не се есапи за болест за умирачка Што значи сонувањето и скокањето можат да продолжат И тоа така да продолжат што јасно да се стави до знаење Дека просторите низ кои се скока немаат соседи Како што ни владетелите вклучувајќи ги и македонските владетели Ниту имале ниту ќе имаат пријатели И како што е историска и личен малер за секој маж Која и да е убава жена да му стане пријателка
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А пак болеста на војникот, не била болест за смеење. Се узбуни војска, се узбуни и народот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)