биро (имн.) - за (предл.)

Република Македонија пред ЕСЧП [Стразбур] ја застапува Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Полковник Фирсов, ваш иследник, мајор Панделеев, шеф на Истражното биро за меѓународна шпионажа, и јас, мајор Јоанидис, шеф на преведувачите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Значи, евидентно е дека обврската за известување, по ново, важи само во случај на отпуштање поголем број работници и дека рокот е сведен само на 30 дена претходно, наместо претходните три месеци!; и •  трето, беше модифицирана и онаа заштитна одредба која предвидуваше дека работодавецот, пред да донесе одлука за престанок на работниот однос поради предвидените промени – и тоа во времето од известувањето на работникот и на синдикатот до донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос на повеќе од 50 работници – може да се обрати до Бирото за вработување (т.е. денешната АВРМ) со барање за помош и услуги од посредување при вработувањето, согласно со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)