таа (зам.) - отиде (гл.)

Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа отиде да ја погледне одблиску.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи Лима, како што реков, ми раскажа сѐ како било. Ми се жалеше дека Тигрестата Опаковка не го прифатила друштвото на другарките со кои и таа отишла.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа вечер таа отиде со типот кој веќе извесно време ѝ се допаѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Штом заминаа Кети и Милан, таа отиде кај својата клупа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја разбудија в зори и таа отиде накај прозорецот, ги истера со викање, а тие хистерично врескаа зашто нивните млади гавранчиња беа бавни при полетувањето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа, на пладне, таа отиде и да го земе од училиште, а утредента Едо изрази желба сам да оди на училиште.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седнаа под мртво, нераззеленето дрво, потоа прашањето блесна какао истргнат нож од канија: „Таа отиде со ваш пријател?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ама баш затоа таа отиде кај него, и тоа баш во петок, кога муслиманите празнуваат и голем дел од нивните дуќани, крај кои таа мораше да помине, беа затворени.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ЉУБА: Прво и прво, таа отиде на пазар; а второ, ти се плашиш од неа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Љубеше, исто така, да раскажува детали од доживувањата по чаршија што нему му се допаѓаше, но сега таа отиде право и некако набрзина во собата кај децата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа отиде во кујната. Брмчењето продолжи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)