сите (зам.) - зборува (гл.)

Атанас не присуствуваше на таа сцена кога Пелагија и Танаско му овозможиле на дедо Костадин да ги чакне своите очи со очите на баба Петра и во мигот таа да се пресели во неговиот свет, ама подоцна сите зборуваа за тоа па нему му се чини дека и тој бил таму и дека присуствувал на тој мистериозен чин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тука Захаријадис ги извлече на бина од која пред сите зборуваа најтешки зборови за нив, од таа бина паднаа најтешки обвинувања за што во воено време се оди на воен суд и се добива најстрога казна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Па, бидејќи сите зборуваат за него, го фалат, ги опишуваат неговите збеснувања, го караат и го клоцаат, викаат по него, па само се слуша неговото име, славата на Фигаро секој ден расте.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ФИРЕНЦА ВО ФИРЕНЦА СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА МИКЕЛАНЃЕЛО Када и да се свртиш, во Фиренца сите зборуваат за Микеланѓело, многу повеќе отколку за вчерашното коло на италијанското фудбалско првенство.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој ден сите зборуваа само за Белото јоргованче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И сите зборуваат, а никој не слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите зборуваа дека летнал, оти телото никаде не му го најдоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите зборуваме за лекови против болести што напаѓааат од секаде, И што можат да траат со месеци, со години.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)