нешто (зам.) - зборува (гл.)

Тој ја крена главата, како човек предизвикан, и некое време ме гледаше испитувачки, потоа ја зеде слушалката и нешто зборуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нешто зборуваат, ама зборот им се губи, им се расипува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто зборуваат, не се гледаат меѓу себе, а меѓу себе зборуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто зборува, ам, тум, шат, пат, ништо не разбирам. Само подбелува со очите и со забите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)