некој (зам.) - за (предл.)

Можеби беше полноќ, можеби сонот веќе ме донесе до бреговите на нов ден, навистина можеби доаѓаше еден понеделеник-безделник, кога морничав крик удри врз нас со тежина на даб ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка го споделуваше Татковиот култ кон книгите уште кога се омажи за него, ама сега некој за прв пат ѝ подаруваше книга, и тоа необична книга која ќе ѝ припаѓа само нејзе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
3.20 Пријателката си замина дома. Се шетам по Oxford Street, сѐ уште обземен од спидот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ајде, посмеј се и ти, запеј им некоја за нив да видат како боли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Некој Шпанец со лоши мустаќи се обидува да ме вовлече во разговор. Супер! Некој за муабет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
небото над Македонија наеднаш стана матно и исчадено како чаден свински бут а кајшто небото е матно и работите се матни и луѓето стануваат матни: под матно небо тешко се наоѓа некој за асолни нови планови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Поскокавме подуени од студ и од премореност - некој се фаќа за секира, некој за кол, некој за глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)