некој (зам.) - камен (имн.)

И овие двоножни волови легнуваа со симнати бечви, гледајќи да легнат на рамна земја, оти ако легнат на некој камен можат и од него да настрадаат — да ги претолчат со мавањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И знам. Не ќе најдам никојпат збор за да ти кажам што си ми, колку Не ќе разберам никојпат што сум - се привиѓам човек и земја И не ќе ми одгатне никој кое е твоето и кое моето име Зашто бегај, бегај чинам Во некоја корија легни На некој камен седни На некое стебло потпри се па здогледај те, прегрни те Израсната по распаќињата вишнееш низ вековите - За твоите корени сите неба се ниски!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа и не е некој камен, туку каменче. Го гледам каменот, а ја погледнувам и Весна. Таа е збунета. Нешто не е в ред.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Особено му беше тешко кога ќе требаше да се наведне да фати некој камен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Цел ден недела младите шетаат угоре-удолу вознемирени, машките клоцајќи пред себе по некое камче или џвакајќи сламка меѓу забите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Не бојте се, им вели Никифор, некои камења се истркалаа. Чипаво биле застанати, вели, и кога згазнав се урнаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Засолни се зад некој камен, зад некое дрво, трн.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми даде една кутија „карелија“ и ме испрати неколку метри со зборовите –Бесвина се испусти, нишчо не остана од селото... до скоро некој камен од црквата имаше останато, ама и тоа се витоса...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но ѓавола, побргу би ти спикал некој камен в уста отколку да ти даде нешто!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Особено му беше тешко кога ќе требаше да се наведне да фати некој камен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тоа и не е некој камен, туку каменче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И поткрева камења за да види дали под некој камен ќе го собере како гуштерица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А снегот си паѓа. И гледаш војници, застанале покрај некој камен, крај некој шип и се греат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па ќе излезам надвор, вели и ќе седнам на некој камен. И ќе седам, така, ќе се думам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја фрли зад некоја грмушка, зад некој камен и со лазење ќе појде за да ја земе, да ја украде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)