некој (зам.) - болест (имн.)

„... Жена му на Еда боледуваше од некоја болест за којашто тука немало лек. Нејзе од тоа ја прости Господ завалијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако е за право, и стравот е некоја болест.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Челото ми гореше а веќе знаев дека сум негде на границата на некоја болест. Не се разболев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пак ќе јадеш сланина! Некоја болест ќе закачиш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, си ја замазни косата, се прокашла, ги излижа предните заби и со голема насмевка ја отвори вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
"Што подлабока да биде", им рече и се сврти кон нас и ни вели само нам, ама да чујат и реакционерите: "Знам јас што сакаат реакционерите наши, газот им мајчин; тие сакаат смрдеата да излезе нагоре и сите да не фати некоја болест...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И не умре од некоја болест што можеше да ја навлече од пиењето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го прегази камион со три приколки сред градскиот метеж и за негова среќа го кренал некој чесен човек, го предал в полиција и ѝ јавил на фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И сè така додека канаринците не ги зафати некоја болест и изумреа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но не тревожи се; секој е со некоја болест - за да не е осамен”.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ова не ќе излезе на добро, му велам јас на Јона, ова мора да донесе некоја болест, му велам, или некоја чума или краста, му велам, сушна година или вошливо време, му велам, или пак некоја долга војна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај ќе застанеше, таму ќе го засмрдеше местото, Како некоја болест да заседнуваше, Секој двајца со него тројца стануваа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)