кој (зам.) - поубав (прид.)

Двата полни со пешкежи, аман, аман, со пешкежи, кој од кои поубави, аман, аман, поубави!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се расплака Дедо Мраз во земјата Дардаванија и со камен на гради, со очи испренасолзени и раце несмирени, застанал пред вртелешката, меѓу оклештените кукли, која од која поубава, која од која полична.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А на Марко, блазе си му, место мене ќе има жени колку сака, која од која поубави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Сум видел многу нешта. И сараи на пашите има насекаде, кој од кој поубави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)