кој (зам.) - писател (имн.)

И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По средниот век речиси и не постоел некој период во кој писателите толку се гордееле околу профинетоста на својот занает.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во почетокот на 80-tите години бев вклучен во организирањето и водењето на собир, или попрецизно речено, симпозиум, на кој писатели од книжевни, но и од други профили, третираа современи феномени низ поезијата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почувствував дека сум се остварил, дека овладеав со себе, и дека живеам во онаа мера во која писателите што ги земав како своја духовна храна беа од моја крв и со мое месо”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)