кој (зам.) - зборува (гл.)

5.  Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот; 2) објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата, во согласност со закон; 3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување 68 преку упатување на лица за вработување од евиденцијата на невработените лица и 4) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната управа и орган на единицата на локалната самоуправа – потреба од работник се обезбедува со објавување на јавен оглас во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (чл. 22, ст.1 и 3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
“ А еден германски студент кој во 1982 година толку силно се исплашил од сликата „Кој се плаши од црвено, жолто и сино IV“ (1966-67) на Branett Newman во Националната галерија во Берлин, што во напад на бес ја удрил со тупаница, ја клоцнал и најпосле ја исплукал, подоцна тврдејќи дека самиот Њуман, кога би бил жив, во извесна смисла би го делел неговото мислење: „Чувствувам дека сега, за првпат, сликата е навистина комплетна по она што и го направив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ Овие два чина на вандализам за кои зборува Гамбони беа минуциозно реконструирани од Felix Gmelin како дел од изложбата „Уметнички вандали“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Силно го потресе судбината на козата која зборува и бара од својот господар да ја пушти да оди в планина, на слобода.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нема ништо од онаа борба на детското живо чувство против шаблонот што сака да го скове, за која зборуваше уметникот и показот на која беше основната мисла на оваа изложба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се чувствува сосема изгубен, беспомошен, и осамен; тогаш одненадеж сретнува странец кој зборува со неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„334 На 12 април капетанот Еванс известил дека присуствувал на отворањето на состанокот на СНОФ на кој присуствувале делегати “од западниот дел на Грција кои зборуваат словенски“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кој зборува за крап?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Интуицијата се појавува уште кај предмодернистите како што е Демокрит, кој зборува за атомите, кај Хераклит, кој ги зема спротивностите како сеопшти придвижувачи, кај Платон, кој ги наложува Идеите како принцип на реалноста зад подвижниот свет, и кај средновековните философи кои во Бог гледаат придвижувач на сѐ во универзумот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Момчињата од Америка го копираа кокни-стилот за да смуваат некоја девојка, а штом ќе наидеа на некој вистински Лондонец, се обидуваа да го натераат да им раскажува што подолго, без разлика што тој раскажува, само за потоа да можат подобро да му го копираат говорот. (...) Работа која отсекогаш сум ја сакал беше да ги слушам луѓето што зборуваат еден за друг - на тој начин ќе научиш колку за оној што се зборува, толку и за оној кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гледањето низ појавата на нештата може да бара не само посебен напор, туку исто така и тренинг и експертиза.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што е лесно да се види тие го сметаат за површинско - т.е. нешто што не наведува во погрешна насока.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доколку ви okno.mk | Margina #11-12 [1994] 103 поверува како на човек, тогаш во најголемиот број случаи потполно спонтано ќе ги следи вашите препораки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие го земаа под своја заштита и го убедија да стане уметник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, се признава дека луѓето поседуваат различни биоритмови и навики и дека со тоа всушност се создаваат и мешаните форми на стиловиве.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие се потпираат на другите кои треба да им дадат не само емоционална туку и физичка топлина”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, веќе не е важно што се зборува туку кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Британските групи како Битлси, Ролинг Стоунси, Гери енд Пејсмејкерс, Кинкс, Анималс, Јардбирдс итн. наидоа и ги променија сите ставови за тоа што е, а што не е во фазон. Tough-big-city-teenage look или Mod и Edwardian.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мене, секако, ништо не ми беше јасно, па љубезно го замолив да ми каже што подразбира под тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бистата на Бојс која 1946 г. ја направи Брукс ја изразува длабочината на уметниковата љубов кон Бојс, а Бојс за Ламер кажал: „Тој беше единствениот кој зборуваше, За тебе ова е единствениот можен пат“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сакав да направам структура што ќе се одликува со механичност, бидејќи веќе во првите четири секунди можете да претпоставите што ќе се случува во филмот, после тоа ништо друго не преостанува. (...) ”Причината и последицата” - во смисла на 18 век и вашиот интерес за него, според Дејвид Хјум, кој зборува за тоа во Истражувањето за човечкиот разум - секогаш се испреплетени со целиот тек на вашите визуелни и нара­ тивни заплети, по пат на броеви, јазични игри и цитати од историјата на сликарството.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тука е и најголемата иронија на целата оваа дебата; сите тие големи научници кои ја одбиваат потребата за научно истражување на процесот на преведувањето, поради неговиот низок статус во академскиот свет, во исто време им предаваат голем број преведени дела на студенти кои зборуваат еден јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вистина, ете; кој зборува многу и ќе греши! И јас така!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Дали за тие црни луѓе за кои зборувате може да се рече дека се во некаква служба?“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но токму тогаш во Потковицата стигна глас, го донесоа воловарчињата, дека некој вооружен човек, кој зборувал чисто христијански и кој не бил сам, зедно со него јавала и една мома, го поздравил Арслан бега и му порачал да дојде таму, Блатото Чепиговско, кај местото Плазики, за заедно да ручаат „јуначки ручек“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вистина е дека веќе одамна г.Милоевиќ составува некакви српски братства кои според неговите зборови должни се да го сеат србизмот не само во Македонија и Тракија туку и по бреговите на Средоземно Море, т.е. во Шпанија и во Африка. (г.Милоевиќ мисли дека Шпанците и Алжирците се Срби); вистина е дека неколку Милоевиќеви следбеници шират ретроградни идеи во Македонија и во Босна и Херцеговина; виситна е дека книгите на г.Милоевиќ и на архимандритот Пелагиќ бесплатно се делат, најпосле вистина е и тоа дека во белградското богословско училиште има и такви професори кои зборуваат дека бугарскиот народ е припрост и добродушен, но прашање е што произлегува од сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Посланијата“ на архимандритот Пелагиќ и „Косовките“ на Милоша Милоевиќа предизвикуваат одбивност не само кај простиот и невин народ (кој зборува дека Србинот е Бугарин а Бугаринот Србин и кој нема никаков поим од фантазиите на г.Милоевиќа) туку и кај оние премудри мажи кои ги познаваат и архимандритот Пелегиќа и Милоша Милоевиќа и г.Визанкова т.е живиот извор на Милоевиќевите премудрости.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кој зборува? Денешниот читател го поставува ова прашање, пред секое друго, зашто авторот веќе се претстави на западноевропската читателска публика со двете претходни дела: Времето на козите и Татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Правени се некои чудни анализи кои зборуваат повеќе за самите нивни автори отколку за Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во случајот на Дишан, обидите за психолошко исчитување на неговиот живот и неговата уметност се покажаа како исклучително безуспешни, пред сѐ затоа што тој внимателно ги држел во тајност информациите од својот интимен живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ништо помалку од таа „возвишена визија“, како што ја нарекува Милер (133), не можело соодветно да ја изрази – без редукција, упростување и предавство – светосоздателската моќ на геј-желбата. 6 КРАЛИЦАТА НЕ Е МРТВА Неможноста на геј-идентитетот да ја долови „возвишената визија“ за која зборува Милер е токму тоа што го открив, за што лично платив височка цена, кога првпат предавав предмет по машки геј-студии на Универзитетот на Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Што мислиш? Тешка е темава за која зборуваме.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Веќе ни беше навика токму во тоа одредено време кога беше и најголемата горештина да ја слушаме големата кутија која зборуваше за големите и тешки, но победоносни битки што се водеа на Грамос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Под таа синтагма ја подразбирам состојбата за која зборував на почетокот на овој оглед, а тоа е доживувањето на стварноста како вистинитост не спрема она што се опишува туку спрема значењата кои се сугерираат во описот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„А што е лудилото?,“ ја прашав Клара пред да заспиеме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Но, исто така би можело да се каже, ако тргнеме по логиката со која зборувавте за лудилото, дека нормалноста не е ништо освен потчинување на воспоставените норми.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека цел свет пукаше од смеа, таа беше убедена дека го изговара токму она што Мараја Кери го изговара користејќи го јазикот на кој зборува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Просто зачудувачки е фактот кој зборува дека со години на тој план ништо не се менува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ова со авторите го земав како пример затоа што во последно време сѐ повеќе сме соочени со податоци кои зборуваат дека има многу писатели на драмски дела и многу малку читатели на истите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во историјата на театарот постојат податоци кои зборуваат дека театрите и театарџиите многу одамна ги сметале како чума во градовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навистина убаво е кога би располагале со податоци кои зборуваат дека нашите луѓе ги посетуваат театрите не по желба, туку поради нужна потреба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Маќеата немаше никаква врска со тоа – таа беше симпатична, насмеана жена, која имаше навика постојано да ја зафрла темната коса со левата рака и да ги допира сите со кои зборуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неодолива Медитација... Се разбираме со поглед кој зборува повеќе од секоја неизречена мисла, проговорена не обмислена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Младиот човек, кој зборува паметно е мошне глуп во отменото општество, а ти треба да бидеш забавен; најголемиот дел од жените сака папагали; сакаш ли да бидеш сакан од тие жени - труди се да зборуваш како папагал и ќе стекнеш глас на шегаџија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
6. Умеј да зборуваш без да мислиш, мислењето му прилега на научник, а науката не му прилега на младиот човек и ти треба да се чуваш, да не речеш нешто паметно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„АРА“ е сонцето, околу кое како земјата, се врти целиот Киев.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Целокупното население на Киев се дели на среќници, кои пијат какао, службеници во “АРА” (I класа на луѓе), среќници, кои од Америка добиваат панталони и брашно (II класа) и проста маса, која со “АРА” нема никаква врска. okno.mk 189 Женидбата на раководителот на “АРА” (петта по ред) е настан, за кој зборуваат сите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и оваа крава? – Само ако ви одговара, веднаш ќе ви ја дадам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трговецот со добиток како да беше изненаден од сериозноста со која зборуваше братот. – А ако не погодам?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сепак, најзначајни се петте синтагми кои ги опишуваат различните страни на односот меѓу идеологијата и поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тука Саркањац разликува идеологија за поединецот (која зборува за него), идеологија за поединецот (која му се нуди на поединецот, за да го придобие и да влијае на него), идеологија на поединецот (интернализирана, присвоена идеологија, со која поединецот се идентификува), идеологија во поединецот (идеолошкото знаење на поединецот), и идеологија според поединецот (“идеологијата дадена во и низ субјективната интерпретација на поединецот”).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секоја книга беше поставена во рафтовите на библиотеката како тула на сеќавањето во одржувањето на оној continuum temporum за кој зборуваше Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најтешко ѝ паѓало што сестрите не можеле да ја разберат на јазикот на кој зборувала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да бев од оние луѓе за кои зборуваат прастарите митови кои не ја разбирале смртта како нешто неизбежно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тука се сретнуваат деловни луѓе кои зборуваат за нивните бизниси и се прават важни договори.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Македонска сказна Си бил еднаш еден народ кој зборувал на многу јазици.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како и да е, во ноќта за која зборуваме Ѓошо Савев заспал со прекрасното разбирање за „пепругата - душа“ што претпочита да лета поттикнувајќи ја во размислите претставата за единствениот цвет во природата кој може да си го менува местото и положбата и да се лулее во воздухот без помош на ветерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беа првите психијатриски пациенти кои имав можност да ги видам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Преку сто студенти присуствуваа во главната сала, а управникот, доктор Ангус Мек Нивен изложи кус говор од главниот подиум, за болницата и психијатријата, и претстави четири или пет пациенти со кои зборуваше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но патот не беше лесен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Обично за луѓето во егзил се вели дека зборуваат најчесто на јазикот на срцето (мајчиниот јазик), на јазикот на лебот (јазикот на другиот во егзил), но ретко кој зборува на јазикот на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По 1919 г. карактерот на населението се промени со преместување на муслиманите кои зборуваат турски и најголем дел на Бугари и со прилив на огромен број грчки бегалци, грчка Македонија во 1938 доминантно беше населена со Грци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вековниот грчки карактер на брегот и успехот на Грција со помош на Друштвото на народите во населувањето Грци од Мала Азија во областа ѝ даваат на Грција неспорно силни права за нејзиниот дел од Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Претставникот, кој сега е во Женева, е образован човек, по професија адвокат, кој зборува добро англиски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истиот ден ДХ42 добила нови информации и го известила СО2 дека спротивно на претходната информација "Михајлов го поминал целото свое време во Полска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вие, добри мои, сте читале, верувам, повеќе раскази и романи кои зборуваат за случки од нашата Народноослободителна војна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сега, имаме листа на луѓе кои зборуваат кинески и кои праќаат „input” во собата и нека човекот во собата „го извршува” програмот читајќи го и правејќи го она што го налага програмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)