го (зам.) - заработи (гл.)

Гарантирам дека родителите ништо не им оставиле, ниту добиле на Бинго, ниту пак Ѓоко у слободно време дила дрога на малолетници... Чесно го заработиле секој долар.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Гледам Ромите ги ризикуваат своите деца и ги ставаат на патиштата за да питачат, по мостовите кога е најсурова зима, само да не одат да си го заработат лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сега имаше добар ‘пивски’ стомак, со кого сѐ уште донекаде се гордееше, и голем задник на кого не беше толку горд и кој му го заработи сегашниот прекар. (Lardass, дебело-газест; заб. на прев.)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)