ги (зам.) - распраша (гл.)

– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа, Иле на луѓето им кажа дека, за жал, уште не може никого да прими во својот дом затоа што допрва треба да ја среди својата таткова куќа, но дека штом смогне сили, ќе им се придружи пред продавницата за да ги распраша како се и како преживуваат во својот тежок „андердивелопмент”.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Толе ги распраша сите каде одат, со кого дошле и зошто!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ние со Сарафов идиме дури од Софија, — горделиво рекоа други двајца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)