јави (гл.) - потреба (имн.)

Во секоја културна и јазична средина се јавува потребата, во кратки временски растојанија (интервали), да се обновуваат постојните изданија и да се подготвуваат нови, селективни и авторски, избори од светскиот расказ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Денес, во мошне елементарната стварност, се јавува потребата таа да биде естетски посилна и поспектакуларна од каков и да е чин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По многу години поминати оттогаш, кај мене се јави потреба да го адаптирам мотото на условите во кои живееме денес.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Всушност, неочекувано ми се јавува потребата на Вртанов сепак да му објаснам дека и не е којзнае каков пропуст или грев она негово интимно однесување со странката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)