трга (гл.) - за (предл.)

Зашто беше полуслеп и зашто беше толку остарен што не можеше да ги спопашка, дечиштата го тргаа за ресачката и го галатеа: Никола-серикола, врзи кучка за дирек; Никола удри, кучка сери, Никола бери!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Играле што играле, им се здодеало па почнале да го тргаат за опавчето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сите мали мачиња како и дечињата овој збор го научуваат најпрво.) - Мјау, мја, мјау! - продолжило да мјаука мачето а тоа му значело: „Мамо, децата ме тргаат за опавчето!“
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се тргаме за раце и претрчуваме преку уличките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај ќе спијам јас, прашувам, а жената ме трга за рака и ме врти нешто одоколу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зоки само тивко му зборува на Мечето и го трга за нозете под јорганот, а бабата спокојно си работи во кујната.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Фрлав на рулетот пари, играв, а тој постојано ме тргаше за раката, за чантата: Доста, ајде веќе еднаш да си одиме, викаше, викаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Детето само го подава устето и ме трга за боска, ме удира, шлиба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето го мушкаа во ребрата, го тргаа за ракавите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)