сум (гл.) - отиде (гл.)

Ја замолив да отиде на таа и таа улица, да ја земе пратката и да ми ја донесе. Ѝ дадов пари за превозот однапред во случај да сум отидена ако пристигне автобусот пред таа да се врати.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се провртка малку низ куќата, си ги облече патиките и ми рече: - Бреза, кога ќе стане тетка ти кажи ѝ дека сум отишол да го прошетам малку Бак. – И излегоа двајцата низ вратата од дворот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тета се разбуди дури пред стемнување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се слуша некоја птица да пее во шумата и си мислам дека сум отишла во некој друг свет, во некое друго време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во белешката од следниот ден стои дека Легнав слободен и без грижа и дека уште во пет саатот сум отишол да ги видам мајка, Лена и Јана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
DD ЕВ: Сега се двајца. DD ПТ: Како двајца папи. DD ЕВ: Едниот папа е европски, а другиот американски. DD ПТ: Ја видовте изложбата на Докупил во Sonnabend Галеријата? DD ЕВ: Не, сѐ уште не сум отишол.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Само се полнеа а никако да се испразнат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Малку понатаму се затскрив, како да сум отишла по нужда и ги соблеков пантоланите, ги истресов од калта, но водата беше густа од црвената земја, ги исфрлив опинците и чорапите, па така ги облеков пантоланите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А ако се доразболат овдека, ќе умрам од мака дека не сум отишла. За никаде не сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)