стокми (гл.) - за (предл.)

На едно повисоко место, божем стокмено за караѓози, се туркаа изврзаните, стуткани мажи со момчиња, жени со девојки, и настрана децата, голуждрави и исцибрени како тукушто породени мачиња. Срцето му се стегна на Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама сѐ, сѐ имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добро ухранети, секако, токму стокмени за шут по задникот, без зборови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Зеде од велигденските јајца стокмени за вапцување со варзило, и, како кога го учеше татко му, стариот Благоја, дупна едно јајце, го бележа со рецка за да го познава и го наполни со течен гипс.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)