реши (гл.) - за (предл.)

Па синот се решил за средината: скришум си земал од грнето на татка си додека тој најпосле не го сетил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ми кажа дека е лекарка, но за да не оди во провинција, се решила за оваа работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што ќе решиш за неа? Ќе се турчи ли и таа?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа никогаш не се реши за случајот да се обрати кај Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој дојде на овој турнир со цврста намера да го реши за себе двоумењето, надевајќи се потајно дека сепак не е сѐ уште загубено, дека сѐ може да се поправи, и дека неговата слабост е само преодна слабост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откако Ф. И. увиде дека работодавачот нема никаква намера да го оствари ветеното, конечно се реши да покрене работен спор пред основниот суд во нејзината општина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сликата не се движеше. Чекавме што ќе се реши за внесувањето на ковчегот во куќата, а кога веќе се виде дека не се внесува, остана ковчегот на тракторот и тргнавме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)