приспособи (гл.) - кон (предл.)

Аранжерите на овие дуќани мислеле на сѐ за да се разликуваат од локалите што работат и дење и ноќе и затоа асортиманот на стоките е приспособен кон одредени побарувања.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зато и притисокот врз нив да чекаат и се приспособат кон потребите и интересите на Организацијата се зголемиле кога веќе тие биле наполно готови да го реализираат својот план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тврдејќи дека е од Ќустендил, тој и другите биографски податоци ги приспособил кон тоа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гледате, сеќавањата не веднаш се приспособуваат кон втората претстава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Слично така, во Летот на една стрела (An Arrow’s Flight, 1998), Марк Мерлис нуди геј-прераскажување на Падот на Троја и приказната за грчкиот јунак Филоктет – иако може и да се разбере дека создава хомерски мит за Виетнамската војна, за геј-ослободувањето и за почетокот на епидемијата на ХИВ/сидата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не можела, и покрај сите свои многуусрдни напори, да го прикаже буржоаското живеење како сосема сериозно – освен, се разбира, од разводнетото гледиште на самата буржоазија. ‌Зашто грижите на средните сталежи, бидејќи се грижи на обичниот народ, не можат да ја достигнат достоинственоста што ја изискува целосната сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, ако геј-мажите од една претходна доба знаеле како да се приспособат кон геј-аспектите на персоната на Џуди Гарланд, тоа можеби не било само затоа што не ги имале Барни Френк или Руфус Вејрајт или Андерсон Купер за идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-културата може да се однесува и на главнотековни дела што ги создале, главно, уметници хетеросексуалци, плус некои настрани што се во плакар, а кои геј-луѓето селективно си ги присвоиле и ги преупотребиле за антихетеронормативни цели. ‌Ваквава поделба, се разбира, не е ниту водоотпорна ниту апсолутна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако поимот „мелодрама“ сега станува погрден, тоа е затоа што очигледното сочувство што мелодрамата го внесува во судбината на обичните луѓе изгледа, барем од повластена гледна точка, дека е изместено, дека е облик на задоволување ниски страсти, дека е побудено исклучиво од недостојна, неоснована, пристрасна, сентиментална приврзаност кон инаку неисклучителни ликови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во романите на Нил Бартлет Готов да го фати ако падне (Ready to Catch Him Should He Fall, 1991) и г. Клајв и г. Пејџ (1996) се замислува како би изгледале геј-соодветниците на хетеросексуалните додоворувања, романса, брак, сопружништво, семејство, акумулација и пренос на имот, наследување и репродукција; тие романи одново упатуваат, во смисла на средишните поими и преокупации, на веќе постојните хетеросексуални општествени и културни институции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во самиот свој стремеж да ја издигне буржоазијата, мелодрамата ризикувала да го унижи самиот трагичен жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вториов роман дури и цитира и преработува низа вистински историски документи за да ги приспособи кон машката геј- тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, смешни се кога ќе се споредат со маките на Ифигенија, на Федра и на Хамлет (иако Шекспировата трагедија секогаш според темите и домашните преокупации е поблиску до грижите на буржоазијата, поради што е полесно да се приспособи кон потребите на некоја современа народска публика).305 Бегањето со погрешен маж можеби ќе излезе погубно за Клариса кај Семјуел Ричардсон, но последиците не се баш вселенски: нема тие баш толку да го потресат светот како последиците од Парисовото заведување на Елена – со други зборови, „урнат ѕид, спален кров и кула / И Агамемнон мртов“.306 Кога се гледа од повисоката положба на општествената елита, средносталешката трагедија е само мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и најоригиналните современи геј-писатели си ги осмислуваат делата во однос на главнотековното општество и неговата историја или започнуваат дијалог со примените културни облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Службеникот збунето гледаше во листот. Никако да се снајде со овие преостанати листови од последниот попис на луѓето, што требаше да се приспособат кон пописот на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)