приготвува (гл.) - за (предл.)

Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но зошто беше допуштено да се убие само една птица, секој од домаќинството добиваше само по едно перченце од неа: децата ги делеа крилцата, мажите и најстарите синови копанчињата, а женската челад белото месо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Убиената гугутка на ист начин, како и врапците, се приготвувше за божиќната жртва.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Донесуваа рогузини од `рженица, ложнци, ракија, млад кромид, лук, пиперки и прстени погачи: на месечина, на огништа од суви лепешки и суварки редовниците приготвуваа за вечера свири пиле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И по други куќи богатски се приготвувало за строеви и свадби, но како што приготвуваа Попставревци за стројот - тоа не се ни видело, ни чуло дотогаш во овој прочуен по салтанати град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зората го отвараше небото, го разбиструваше, ја будеше земјата, езерото, селото; луѓето тргнаа по нивјето, по бавчите, по лозјата, по секојдневната работа; заѕвечкаа ѕвонците на добитокот што излегуваше на пасење, им брмчеа мувите и инсектите околу ушите внесувајќи им немир; рибарите со рибарскиот прибор се упатуваа кон чунчињата, дрварите ги самареа добиците и ги приготвуваа за тргнување в планина; врвеа жените со сепетките на глава тргнати кон езерото да перат алишта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- „Мојата мајка знае да расакажува прекрасни приказни, со мене разговара како да ми е другарка и јас најмногу од сѐ ја сакам „Васината торта“ што таа ја приготвува за Новогодишните празници.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се сместуваме во зелената трева, подалеку од чешмата, постиламе, се приготвуваме за ручек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)