прави (гл.) - важен (прид.)

Оние со кои сега се среќава се сите млади луѓе, некои скоро дечишта, гимназисти, безгрижни и наметливи, иронични спрема него дека не може да ја совлада слабоста да се прави важен, а тие го надминуваат и го оставаат назад во шаховската трка, претставници на една нова генерација.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вчера само за инат ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за Бузо, зашто ти си се правел важен, не си ѝ обраќал внимание.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Марко на предното седиште, до возачот - а тоа ќе сум јас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„По врнежот нема каде да се оди.“ Се сложија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Признавам, особено ми беше мило кога забележав дека девојчињата ме загледуваат, нешто си шепоткаат и си го слушав сопственото име.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Низ босите стапала во телото навлегуваше пријатна топлина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми стана криво дека толку се прави важен, но ништо не реков, зашто и му се може: автото е голема работа. Не може секој да го има.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По онаа победа во трката на 60 метри станав популарен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Посакав да се правам важен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со Влатко, Дејко и Ташко излеговме на улица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дури и се правев важен - како оние популарни спортисти на ТВ.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другите, молам, на задното седиште!“ нѐ покануваше широко размавтан со рацете.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја претрчавме улицата и тревникот кон нашата зграда, се втурнавме во влезот и малку наврнати втасавме пред вратата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ама е напрчен!“ реков. „Се прави важен, божем негово е.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И правдина е да се прави важен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мајка ми и сестра ми ќе се зачудат, ќе ги рашират очите и ќе прашуваат: “Што е, кажувај брзо?“ А јас ќе се правам важен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А јас ќе се правам важен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Доаѓаа и девојки, и ние се правевме важни; најпрвин тој ќе ја извозеше целата патека за рекордно време, а потем јас ќе возев на едно тркало само на рамниот дел од патеката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми вели „Ќе ти ја скинам јас тебе проклетата глава ако ми се правиш важен.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука се сретнуваат деловни луѓе кои зборуваат за нивните бизниси и се прават важни договори.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Вчера само за инает ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за друг, зашто си се правел важен, не си и обраќал внимание.“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Мајка ѝ готвеше нешто што многу непријатно мирисаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ема се подзамисли. Постоеја две девојчиња што ги познаваше и за кои сметаше дека се прават важни, ама тоа беше затоа што беа гласни и во сите игри сакаа да бидат главни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што ти реков, не те сакаат затоа што многу се правиш важна на часовите по географија и поради тоа што смрдиш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толку фрштеше врз ринглата и чадеше, што кога влезе во кујната да се поздрави, мајка ѝ не ја ни слушна. - Што е ова? - рече Ема.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ова сознание малку ме вознемири. си спомнав на тоа што татко ми ми објасни дека момчињата во пубертет се поулави од другите, дека сакаат да се прават важни и неустрашиви и дека се наклонети на непредвидливи нешта, само и само да го привлечат вниманието на околината врз себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Уролози се, - се правев важен јас, - хирурзите што оперираат бубрези.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми здосади да сум “од малите”, време беше и јас некому да му се правам важна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Преведи ми што пишува на маичката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да му велам, чекај, ќе видиш кога ќе пораснеш, лесно е додека имаш само една наставничка, сосема друга работа е кога секој час ти доаѓаат различни наставници и кога имаш по пет – шест часа на ден, а за учење, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти си ги видела творовите? – праша таа заинтересирано.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама си била некоја! – викна. – Ем доаѓаш во ниедно време, ем се правиш важна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Вања останува со мене – додаде Лета. Ние тргнавме кон дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што не дојде веќе еднаш мајка ми, да ме откачи од оваа досадија, - си велев – отсекогаш била влечка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не знам, можеби да, а можеби не, ќе видиме – се правев важна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Како мислиш да ја средиш? – се заинтересирав. - Моја работа – се правеше важен тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немој сега веднаш да ми се правиш важен со англискиот – му реков – сите знаеме дека добро го зборуваш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мораш да ми објасниш, инаку ќе им кажам да знаеш – навалував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не доаѓа предвид – се правеше важна таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)