помисли (гл.) - за (предл.)

„Ме збунивте. Помислив за момент дека јас сум тој што прашува а дека вие се служите со моите зборови“, најде за потребно да објасни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нели, сите имаме такви слики, според кои ги распознаваме настааните кај кои навраќаме во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, не тоа можеше да биде помислено за секој од сите оние поранешни самјаци, што ги имаше ловено тој, само не и за неговиот пријател напред. Беа само негови соништа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како можам така да помислам за човекот мој, за венчанијата моја!...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иван спиеше на душекот. Тоа е најјасната слика што секогаш ќе ми излегува пред очи штом ќе си помислам за таа вечер.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)