отиде (гл.) - накај (предл.)

Кога Френк тивко отиде накај својот ручек, неговата сенка одеше заедно со неговото тело и покрај него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Недотепаната змија, рече, многу е поотровна од нетепаната. Се заврти и си отиде накај чифлигот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја разбудија в зори и таа отиде накај прозорецот, ги истера со викање, а тие хистерично врескаа зашто нивните млади гавранчиња беа бавни при полетувањето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)