остави (гл.) - за (предл.)

Иако коцките беа наредени, целосното откривање на мозаикот таа го остави за најголемото изненадување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мене ми стана јасно зошто Лествичникот, во часот кога татко му умирал на рацете негови, ги украл двата листа од претсмртните ливчиња на Мида и само две ливчиња оставил за нас, другите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама, да оставиме за другпат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
МИТРЕ: Еми тоа се знае, гајлињата за луѓето ги оставил господ, не ги оставил за ајваните.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Еее... и убавини, ами и гајлиња, господ оставил за луѓето.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Утрина рано ќе го дожниеме тоа што ни остана, ќе видиме некого да го оставиме за говедана да ги има на мукает и да ги рани, и ќе одиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Најважното го оставив за крај: Ѓоко со години работи како шофер у ГСП, вози дупла двојка од Сарај до Аутокоманда и обратно, а Лиле работи у Стоковната куќа преку мост, на втори спрат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Така сѐ што се прави, сѐ што се работи со желба да се изгради нешто, да се создаде, да се остави за идните поколенија - убаво е.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Три недели пред да се поведе истрага во врска со скапоценостите на Баручиеви оставени за чување кај спомнатиот Чардаклиев, Груев беше на пат, беше отсутен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Милосливоста и сожалувањето ќе ги оставам за друг пат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но никогаш не забораваше по едно парче да остави за децата на соседите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги слушам зборовите од татка кој ми го кажуваше тоа уште како дете, пред да нѐ остави за сосема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)